На 26-ти Април, во Музејот на „Борис Христов“ во Софија, се одржа концерт посветен на творештвото на соло песни од Томислав Зографски. Настапија Хеленe Ангеловска (мецосопран) и Дарко Мариновски (пијано). Присутните ги поздрави во име на КИЦ на РМ д-р Сашко Насев, а во име на музејот „Борис Христов“ директорката Елена Драгостинова. Во публиката беа музичари, артисти, колеги и пријатели на КИЦ на РМ во Софија.