Во организација на Културно-информативниот центар на Р. Македонја во Софија и Дирекцијата за култура на Градот Софија, по повод денот на Софија 17 септември се отвори изложба на портрети на Мајка Тереза, од современиот македонски сликар Мифтар Мемети.
Мифтар Мемети е роден 1954 г. во с. Раковец, Тетово. Во 1980 г. го завршил Факултетот за ликовни уметности во Приштина. До 2004 г. работел како наставник за ликовни уметности во сите тетовски средни училишта. Магистрирал сликарство на Факултетот за ликовни уметности во Приштина во 2001 г. под менторството на професорот Тахир Емра. Во 2004 г. после озваничувањето на Тетовскиот универзитет го добил звањето доцент и бил избран за редовен професор за предметот Цртеж со сликарство. Автор е на десетина самостојни изложби, учествувал на голем број колективни изложби.