На 15 ноември 2018 (четврток), во просториите на Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија, ќе се одржи театарскара претстава „Страстите на Илија“ од Димо Дешев. Постановката на монодрамата е на проф. Чавдар Крстев, а улогата е на младиот актер Игор Дамјанов.
Театарската претстава „Страстите на Илија“ е играна во Плевен, Ќустендил, Видин и други места, а на сцената во КИЦ на Република Македонија во Софија ќе биде изведена во превод на македонски јазик. Краткиот монолог на Дешев, всушност е епитаф на осаменоста со светецот, а примарно станува збор за тагата и осаменоста на напуштениот човек.