На 10 Април 2019 година во просториите на КИЦ на РСМ во Софија, се одржа концерт на „Македонски брас квартет“ од Скопје. Како дел од програмата подржана од МК на РСМ, на концертот зедоа учество музичарите Стојанче Косовски на труба, Александар Златески на труба, Горан Јанев на хорна и Владан Дробицки на тромбон. Тие изведоа дела од Моцарт, Верди, Равел, Римски-Корсаков, Скот Џоплин и други.
Во извонредна атмосфера и полн салон на галеријата на КИЦ, со голем број музичари, професори, новинари, амбасадори, претставници на бугарските министерства за надворешни работи и култура и пријатели на КИЦ, овој настан беше оценет како многу успешен.