Од 9-ти до 11-ти Мај 2019 година во Софија се одржа „12-тата Македонска книжевна визита“ од Република Северна Македонија во Република Бугарија. Овој настан е дел од програмата на МК на РСМ за 2019 година во КИЦ на РСМ во Софија, а е организиран од издавачот „Макавеј“ од Скопје.
Беше промовирано делото на познатиот поет и романсиер Димитар Башевски, врачена наградата „Книжевен Дедал“ на бугарскиот автор и издавач Пламен Тотев, а беше одржано и поетско читање на македонски и бугарски поети во „Софија прес центар“, на кој што настапија Зоран Анчевски, Санде Стојчевски, Бојан Ангелов, Драгана Ефтимова, Димитар Христов, Владимир Левчев и голем број други значајни, современи поети од двете држави.