На 18 мај, во рамките на манифестацијата Ноќ на Музеите во Пловдив, во познатата Балабанова куќа, беше отворена изложбата Поврзување. Овој ликовен проект се реализираше со помош на нашиот Културно-информативен Центар во Бугарија, а во него со преку 50 дела беа претставени ликовни уметници Мирјана Иванова, Марјан Ѕин, Перица Георгив-Пепси, Зоран Мишев, Иво Пецов, Иван Стоименов, Слободан Милошески, Горан Тричкоски и Павел Целкоски.
Изложбата која во Пловдив беше поставена до 31 мај, ја отворија директорот на КИЦ на Р. Македонија Васко Шутаров и зам. директорот на Општинскиот Институт Стар Пловдив, Светлозар Чичиков. По овој повод беше нагласена, веќе традиционално добрата и плодна соработка помеѓу двете институции, во пресрет на 2019 година, кога Пловдив станува Европска престолнина на културата.