Речиси и да нема пример во светот, едно еснафско здружение да има такво значење за развојот на вкупната музичка и општа култура, како што е тоа Сојузот на композиторите на Македонија (СОКОМ) за македонската музичка и општа култура. Само сплетот на историските околности, величината и, следствено на тоа - авторитетот на неговите членови, и нивниот самопрегор и чувство за сопствената општествена одговорност можат да бидат делумно објаснување на тоа.
На пример, фактот што него го основаа тогаш, а и подоцна, најголемите имиња на македонската творечка и исполнителска музичка култура (беше о...