Македонското претставување на оваа манифестација го организира Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија. Програмата за посетителите на штандот ја водеше режисерот и актер Ѓорѓи Георгиев – Антика од Штип, придружуван од неговиот колега Пламен Великов од Софија.
КИЦ на Република Северна Македонија во Софија по шести пат учествува на овој значаен културен настан. Заедно со КИЦ на Северна Македонија, учествуваат и културните центри на Чешка, Полска, Шпанија, Италија, ЕУ и други.
Полскиот културен центар во Софија и подари дел од својот простор на Украина, каде што има книги поврзани со нејзината култура.
Одбележувањето на Денот на европските јазици оваа година се совпаѓа со празникот на Софија. Градоначалничката на Софија, Јорданка Фандакова, ги отвори настаните поврзани со празникот на бугарската престолнина, посветени на православниот празник Вера, Надеж и Љубовта.
КИЦ на РСМ во рамки на манифестацијата, во Францускиот институт, го прикажа филмот „Последните камбани“ на Н. Поповски, со М. Јовановски во главната улога, со Гранд При на Монтреалски филмски фестивал. Штандот го посетија поети и писатели од Северна Македонија, Бугарија, Украина и голем број граѓани на Софија.