На 20 септември 2018 година, во просториите на Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија, настапи „Квартет“ музички состав од академски музичари од Скопје.
Тие за пробирливата софијска публика го изведоа делото “Свита за флејта и џез пијано трио“ од Клод Болинг. Составот сочинет од Јакимовска Марија на флејта, Петровска Билјана, пијано, Стипаничев Динко на контрабас и познатиот тапанар Стевковски Гоце имаше извонреден настап, а нивното музицирање беше наградено со бројни аплаузи и бис.
Според повеќето музичари, професори и нивни колеги од тукашниот музички свет, ваквите настапи и концерти се вистинско освежување на камерната музичка сцена во Софија.