На 17 ноември 2023 година во КИЦ на РСМ во Софија се одржа концертот на Дувачкото трио, составено од врвните македонски музичари: Владимир Лазаревски, Марина Николовска и Маја Чанаќевиќ.
Програмата на концертот, составена од дела од Лудвиг ван Бетовен и Е. Т. Калке беше проследена од голем број посетители, љубители на музиката, претставници од дипломатскиот кор, претставници од културниот живот во Софија и уметници. За прекрасните музички изведби, музичарите беа наградени со бурен аплауз од публиката, која што побара и доби бис од триото.
Вечерта помина во одлична атмосфера, како што и посакаа во своите обраќања Н. Е. Агнеза Руси Поповска и директорот на македонскиот КИЦ во Софија д-р Сашко Насев.