Во Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија се одржа концерт „Музиката нема граници“ во изведба на Младинскиот оркестар на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ од Куманово.
Оркестарот изведе многу популарни македонски песни, како и рок музика, преработки на македонски евергрини и народни песни.
Во програмата на оркестарот беа вклучени музички композиции од настапи на Каролина Гочева, Тоше Проески, Александар Митевски и Драган Спасов Дац, Влатко Стефановски, Ареа, Куку Леле, Нон Стоп, Александра Јанева, Зијан, Ана Костовска, а исто така и џез-преработки на познати македонски народни песни, како и песни од кумановскиот крај.
Посетителите во преполната сала на КИЦ во Софија го наградија оркестарот со долги аплаузи.