Националната опера и балет на Северна Македонија гостуваше со балетската претстава „Госпоѓиците од Авињон“ на софискиот фестивал на Националниот музички театар на Бугарија „Стефан Македонски“. Режисер и кореограф беше Олга Панго – примабалерина, кореограф на македонската опера и балет. Пред полната сала со познавачи на модерната балетска уметност, но и пред дипломати, трупата на Националната опера и балет на Северна Македонија ја претстави „Госпоѓиците од Авињон“. Учеството беше во рамки на Софискиот фестивал на музички театар на голема сцена. Првпат имаше странско учество на фестивалот, кое беше со македонската балетска трупа. Публиката во Софија неколкупати им аплаудираше на балерините од Северна Македонија. На крајот од настапот публиката се крена на нозе и скандираше „Повеќе, уште“ и „Браво“. На сцената беше поставена корпа со цвеќе од Министерството за култура на Бугарија. Македонската балетска дружина доби специјален сертификат за учество на Софискиот музички театарски фестивал. Поради дождливото време, претставата беше преместена од паркот на Воената академија во Софија во зградата на музичкиот театар. Меѓу присутните беа директорот на НОБ Васо Ристов, директорката на Бугарскиот музички театар Маријана Арсенова и директорот на КИЦ на РСМ во Софија Сашко Насев.
Директорите на НОБ, Васо Ристов и на Националниот музички театар, г-ѓа Маријана Арсенова го посетија КИЦ на РСМ во Софија, а Олга Панго одржа семинар и работилница во Музичкиот театар „Стефан Македонски“.