Изложбата „Сликарството на Ликовната академија во Штип“ од 28 мај е отворена за посетителите во Н.У. Центар за култура „Ацо Шопов“ во Штип. „Галерија 22“, во која се поставени сликарските дела, ќе биде отворена секој работен ден до 10 јуни 2024 година.
Изложбата е составена од сликарските дела на осуммина дипломирани и актуелни студенти во штипската Ликовна академија: Вангел Крстиновски, Бојана Тошевска, Мики Иванов, Миа Ефремова, Крсте Тарабунов, Ивана Ивановска, Дејан Витанов и Александра Јеротијевиќ-Андреева.
Оваа патувачка изложба претходно беше претставена во Софија и Виница.