На 19 декември 2023 во галеријата на КИЦ на РСМ во Софија се одржа промоцијата на бугарското издание на романот „Турнеја“ од Сашо Огненовски. Во пријателска атмосфера на нашиот Центар, за делото на авторот Огненовски говореа директорот на КИЦ во Софија Сашко Насев, книжевниот критичар и издавач Пламен Тотев, преведувачот и писател Маријан Петров, како и писателот Димитар Христов.
Авторот на книгата Сашо Огненовски прочита дел од својата книга, а со своето обраќање дополнително го претстави романот пред публиката, која пак на крајот од вечерта имаше можност да се здобие со наскоро излезениот од печат роман и да добие посвета со автограм.
На настанот присуствуваа пријатели на КИЦ во Софија, љубители на литературата, како и претставници на македонската Амбасада.