На 20 март 2024 во КИЦ на РСМ во Софија се одржа промоцијата на романот „Адамовото ребро“ од Оливера Николова, кој излезе од печат оваа 2024 година како издание на Издавачката куќа „Изида“ од Софија.
Авторката преку видео обраќање ги поздрави гостите на вечерта, по изразеното срдечно добредојде од страна на амбасадорката на Северна Македонија во Бугарија. Во својот воведен говор Н.Е. Агнеза Руси Поповска ја потенцира важноста на творештвото на Николова во Северна Македонија.
Квалитетите на литературното дело – романот „Адамовото ребро“ ги истакнаа директорката на Издавачката куќа „Изида“ Светлана Јанчева и уредничката Елеонора Тодорова. Преведувачот на книгата, Марјан Петров, на кого ова дело му е четврта преведена книга од писателката Николова, прочита краток извадок и исто така ги сподели своите впечатоци од романот.