На 27 јануари 2022 во КИЦ на РСМ во Софија се одржа промоцијата на книгата „Му“ – избрани беседи од Перица Георгиев. Книгата е составена од Дурга – Марија Георгиева. Настанот се организираше во соработка со „Списание 8“ од Софија. Учество на пијано имаше Стефанија Русева.
Вечерта ја отвори директорот на КИЦ во Софија д-р Сашко Насев, кој говореше за познатиот ликовен уметник на македонската културна сцена – Перица Георгиев, по што книгата беше претставена од главниот уредник на „Списание 8“, Ганета Сагова, и Дурга – Марија Георгиева која го направи изборот од беседи.
Необичниот настан кој се одржа во КИЦ на РСМ во Софија го привлече вниманието на публиката која на крајот од вечерта имаше можност да се здобие со книга потпишана од Кану – Перица Георгиев.