На 27 јануари 2019 година во кинотечното кино „Одеон“ во Софија, заврши Седмицата на македонскиот филм со прикажување на филмот „Џипси меџик“ на Столе Попов. Пред публиката, по повод затворањето на оваа ретроспектива организирана од Кинотеките на Република Македонија и Република Бугарија што траеше од 21 до 27 јануари 2019 година, се обрати д-р Сашко Насев, а публиката составена главно од професионалци и дипломати со одушевување го проследи филмот.
Седмицата на македонскиот филм ќе се одржи во Кино Одеон, во Софија, од 21 до 27 јануари 2019 година. Во рамките на деновите на проекции ќе се прикажат 5 долгометражни и 8 краткометражни македонски филмови.
Програмата започнува со отворањето на Седмицата на македонскиот филм на 21 јануари од 18:30 часот во...