КУЛТУРНО-ИНФОРМАТИВEН ЦЕНТАР НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО СОФИЈА

  • Македонски
  • Български

НАСТАНИ

22 Мај 2025 - 18:30

На 22 мај (четврток) со почеток од 18:30 часот, како дел од проектот „Промоција на книги од македонски автори преведени на бугарски јазик“ на Македонскиот КИЦ во Софија, ќе се одржи претставувањето на книгата „Виенски гамбит“ од Анде Јанков.

Новоиздадената книга во Софија ќе биде промовирана од издавачот и литературен критичар Пламен Тотев и нејзиниот преведувачот Маријан Петров, во присуство на самиот автор кој ќе пристигне за средбата со љубителите на литературата.  

КИЦ на РСМ во Софија, ул. „Обориште“ 7
24 Мај 2025 - 18:00

По повод одбележувањето на еден од најзначајните датуми во словенската духовна и културна традиција - 24 Мај - Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј во Македонскиот културно-информативен центар во Софија ќе биде претставен рециталот „Светопис за сесловените“, посветен токму на светите браќа Кирил и Методиј и 1.163 години од Моравската мисија, преку која беше поставен темелот на словенската писменост и духовност.

КИЦ на РСМ во Софија, ул. „Обориште“ 7
24 Мај 2025 - 18:30

По повод 24 Мај – празникот на сесловенските просветители и учители, светите браќа Кирил и Методиј, во сабота со почеток од 18:30 часот, во галеријата на Македонскиот Културно-информативен Центар (КИЦ) во Софија, свечено ќе биде отворена заедничката изложба „Траг“ на визуелниот и мултимедијален уметник Стефан Анчевски од Куманово и вајарот Марјан Стојаноски од Прилеп.

КИЦ на РСМ во Софија, ул. „Обориште“ 7

Повеќе за Република Северна Македонија

За КИЦ на РСМ

E-mail: rmkic@yahoo.com

тел.: + 359 2 946 1492

ул. „Обориште“ 7, 1504 Софиja

Билтен

За информации и настани од сајтот

СИГУРНОСТ
Потврдувањето докажува дека сте реален корисник.

Календар

S M T W T F S
 
 
 
 
 
 
1
 
2
 
3
 
4
 
5
 
6
 
7
 
8
 
9
 
10
 
11
 
12
 
13
 
14
 
15
 
16
 
17
 
18
 
19
 
20
 
21
 
22
 
23
 
24
 
25
 
26
 
27
 
28
 
29
 
30