На 08.04.2022 година во 19 часот во галеријата на Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија се изведе монодрамата „Соништата на Хамлет“ од познатата украинска драмска писателка, критичарка и член на Интернационалниот театарски институт Нина Мазур, во режија и изведба на косовскиот актер и режисер Ментор Зумберај.
Во извонредна атмосфера и присуство на голем број професионалци од театарот, писатели, дипломати, студенти по глума и пријатели на КИЦ, со триумфални аплаузи беше поздравена монодрамата „Соништата на Хамлет“