Како дел од фестивалот „SoFest“ во Софија на 17 јуни 2022 се одржа концертот на Александар Митевски и Драган Спасов – Дац. Тие ги исполнија своите хитови „Цреши охридски“, „Уште ми фалиш“, „Корона чао“ и други, и претставија дел својот албум „Љубовен пасош“. Публиката не остана рамнодушна, повеќе од час и половина беше на нозе, ги награди со бурни аплаузи и неколку пати сакаше бис.
Фестивал „SoFest“ во Софија се одржа под покровителство на градоначалничката на главниот град Јорданка Фандакова по пети пат, собра многу познати имиња на бугарски писатели, уметници и изведувачи. Партнер на фестивалот беше КИЦ на Република Северна Македонија во Софија.