На 3 ноември 2022 година, познатиот македонски пијанист Дино Имери и познатиот музичар и композитор г-дин Дамир Имери го посетија КИЦ на РСМ во Софија. Повод беше концертот на Дино Имери со Софиската филхармонија во сала „Бугарија“ во Софија.
Нашиот пијанист од светскa класa истата вечер имаше брилијантен настап, свирејќи ја Симфонијата бр.2 од Бернштајн, под диригентската палка на Љубомир Денев – син.
По извонредниот настан и долготрајните и срдечни аплаузи, г-дин Имери изјави дека е негов шести настап со Софиската филхармонија. Меѓу бројната публика, покрај познатите софиски музичари, уметници, гости на КИЦ на РСМ, беше и новоименуваната амбасадорка на РСМ во РБ, г-ѓа Агнеза Руси Поповска.