На 4 април 2023 година во КИЦ на РСМ во Софија се одржа промоцијата на книгата „Чиј беше Јон“ од Рефет Абази. Делото е објавено на бугарски јазик како издание на „КВЦ“.
Во присуство на претставници од дипломатскиот кор, претставници од софиските културни кругови, како и многубројни гости и пријатели на КИЦ во Софија, пред присутните се обратија д-р Сашко Насев, од името на КИЦ на РСМ во Софија и Н.Е. Агнеза Руси Поповска, од името на Амбасадата на РСМ во Софија. Книгата ја промовира Красимира Цонева, која е преведувач и издавач на литературното дело, а исто така, самиот автор Рефет Абази се обрати кон присутните и одговараше на прашања од публиката.
Вечерта на промоцијата помина во позитивно расположение кај сите присутни.