Во клубот „Singles“ при Националниот дворец на културата, на 13.10.2023 година, во рамки на „Аларма Панк Џез” Фестивалот, настапи скопскиот рокенрол бенд „Културно-уметнички работници“.
Во исклучително добра организација на Цветан Цветанов и Бугарското национално радио, скопските рокери и панкери одржаа жестока свирка, добро прифатена од софиската публика од различни генерации.
На покана на КИЦ имаше неколку гости од музичкиот свет, мејлинг и медиумска поддршка.