На 13 септември 2018 година во КИЦ на РМ во Софија, пред многубројна публика и позитивна атмосвера, беше отворена самостојната изложба „Златната рипка и потомокот“ на Михаела Јовановска.
Изложбата е составена од 16 дела во различни димензии, изработени во комбинирана техника со користење на акрил, принт врз пластична фолија, плексиглас, епоси смола и др. Посетителите ќе имаат можност да ја видат до 3 октомври 2018 година.
Михаела Јовановска е вработена во НУ Национална галерија на Македонија како соработник за визуелни уметности и дизајн. Додипломски студии завршила на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Се изразува во различни медиуми од кои најчеста е уметничката инсталација. Нејзините дела се изложувани во повеќе групни и четири самостојни изложби во Македонија и странство, вклучувајки ги Мала станица - НУ НГМ во Скопје, Биенале на млади - МСУ во Скопје, MC Gallery во Њујорк, Прима центар во Берлин, галерија Лауба во Загреб, Миодраг Дадо Џуриќ во Цетиње и КИЦ во Софија.