На Деветтиот Франкофонски Фестивал „Солеј“ што се одржува во градот Созопол, како минатата, така и оваа година, КИЦ на РСМ имаше успешно претставување. Покрај Северна Македонија и Бугарија, на овој фестивал се присутни Франција, Романија, Либан, Мароко, Грузија и Азербејџан.
Фестивалот ги отвори вратите за организираната изложба од нашиот КИЦ, насловена како „Линии и врски“ од организаторите на фестивалот, со учество на Симонида Филипова-Китановска, Ивана Настески, Марјан Ѕин и Иво Пецов. Изложбата беше отворена на 6-ти jуни 2019 година од страна на директорот на КИЦ на РСМ д-р Сашко Насев и директорката на „Солеј“ г-ѓа Александрина Исајлова во присуство на голем број гости од општествениот живот на градот, дипломати и колеги на уметниците.
Истата вечер, во склоп на филмската презентација на државите, беа прикажани три документарни филмови за градовите Охрид, Струга и Крушево, продуцирани во 2005 година во нашата држава.
На 7-ми jуни 2019 година во „Археолошкиот музеј“ на Созопол, македонската виолинистка Наташа Диденко одржа соло концерт кој беше поздравен со бурни аплаузи и покана за повторно учество на фестивалот.