На 10 октомври 2019 година, во галеријата на КИЦ на РСМ во Софија, концерт одржа „Скопскиот дувачки квинтет“ под раководство на Васил Атанасов. Концертот беше дел од програмата на Министерството за култура на Северна Македонија. На репероарот беа дела од Моцарт, Фараш, Лјадов, Жорж Бизе, Д’Aгостини и Смокварски. Покрај обоистот Атанасов настапија и – Марија Јакимовска на флејта, Ристо Ѓоревски на кларинет, Орце Ицковски на фагот и Александар Гошев на хорна.
Во извонредна атмосфера пред публика составена од музичари, дипломати и пријатели на КИЦ, слободно можеме да кажеме дека ова беше едно од најуспешните музички претставувaња на РСМ во Софија. Со бурни аплаузи, бис и одобрување нашите уметници беа извонредно прифатени од пробирливата публика.
Пред концертот присутните и авторите ги поздрави директорот на КИЦ, д-р Сашко Насев, а од име на Квинтетот се обрати Ристо Ѓоревски.